Македонија

Остра порака од премиерот до обвинители: Правдата ќе ги стигне сите

Од Охрид порака дека институциите мора побрзо да реагираат и дека правдата ќе стигне до сите што мислат дека се недопирливи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид испрати порака дека трпението за борбата против корупцијата е при крај, порачувајќи дека правдата мора да стигне до сите што, како што рече, „ѝ се смеат на државата и на законите“.

Во обраќањето на свечената академија „Од слово до вечност“, што се одржа во црквата Света Софија по повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Мицкоски се осврна и на незадоволството кај граѓаните од бавната испорака на правда.

,,Го разбирам незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение. И јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мислите дека не ги слушам криците на луѓето кои гледаат како некои ѝ се смеат на правдата и мислат дека се недопирливи”, порача Мицкоски.

,,На оние што денес се најгласни критичари, а вчера ја злоупотребувале државата, како и на дел од обвинителството кое сè почесто бара изговори, им порачувам дека трпението е при крај. Правдата ќе ги стигне сите. Внимателно следам што се случува”, истакна премиерот.

Тој додаде дека нема да молчи кога смета дека институциите грешат или кога, како што рече, предметите стојат во фиоки без реакција.

,,Не влегов во политика за да смислувам изговори, туку за да воведеме ред, правда и владеење на законите. Нема да отстапам од намерата да им дишеме во врат на оние што се богатат на маката на народот. Ова е последна шанса на оваа генерација да остави нешто вредно зад себе”, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top