Македонија

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми.

Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување.

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми. Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропу

– Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија, изјави Сидиропулос.

Здравствените проблеми на вработени во РЕК Битола беа регистрирани денеска, а надлежни институции вршат испитување и анализа на проблемот.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top