Македонија

Отпечатена е првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ на Ѓурѓај – придонес за зачувување на културното наследство на Македонците во Албанија

Разгледницата „Поздрав од Голо Брдо“ е авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на Mакедонското друштво „Илинден“ од Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик. Првото издание на разгледницата е отпечатено со парична поддршка од семејството Ѓурѓај.

„Ваква разгледница, посветена на областа Голо Брдо, за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 15 фотографии од селата во овој прекрасен крај, населен главно со Македонци. Покрај природните убавини, со кои Бог ја дарувал областа, има и многу културни историски споменици, кој секој би посакал повторно да ги види.“ – посочува Ѓурѓај за Македонската информативна агенција – МИА. 


Никола Ѓурѓај истакнува дека ова негово дело ќе биде придонес за зачувувањето и претставувањето на македонското културно наследство. „Засега разгледницата ќе биде разделена низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес за зачувувањето и претставувањето на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија.“ – нагласува Никола Ѓурѓај.

Во областа Голо Брдо има 22 села, од кои 18 се населени со Македонци, а во останатите населението е со мешан етнички состав.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top