Регион

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Во своето обраќање, Стерјовски нагласи дека Албанија претставува значаен пример за соживот меѓу припадниците на различни верски заедници. „Овде, луѓето од различни вероисповеди живееле рамо до рамо, ги делеле радостите и тешкотиите, граделе семејства, заедници и заедничко општество. Овде научивме дека различноста не е закана, туку богатство“, истакна Стерјовски.

Говорејќи за македонската заедница во Албанија, тој посочи дека Македонците со векови живеат во хармонија со албанскиот народ и активно придонесуваат во општествениот, културниот, образовниот и јавниот живот на земјата. Посебно го издвои примерот на големиот писател Стерјо Спасе, со македонско потекло, кој преку своето творештво оставил значаен белег во албанската литература. „Ова е пораката што сакаме да ја пренесеме: нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“, порача Стерјовски.

Во продолжение на своето излагање, претседателот на МАЕИ говореше и за важноста од зачувувањето на мирот и меѓуверскиот и меѓуетничкиот соживот. Тој истакна дека мирот и соживотот не се дадени еднаш засекогаш, туку бараат постојана грижа, дијалог и одговорност. Стерјовски предупреди дека политичките, националистичките и геополитичките интереси можат да придонесат кон создавање недоверба меѓу заедниците, нагласувајќи дека на обидите за инструментализација на етничкиот и верскиот идентитет треба да се одговори со дијалог, транспарентност, меѓусебна почит и зајакнување на демократските институции.

Ние веруваме во Албанија каде црквата и џамијата не се гледаат како симболи на поделба, туку како дел од еден заеднички општествен мозаик“, истакна тој. Во својот говор Стерјовски се осврна и на европската иднина на Албанија, нагласувајќи дека Европската Унија претставува заедничка иднина и простор на мир, правда, човекови права и почитување на различностите.

Тој порача дека МАЕИ силно ги поддржува европските и евроатлантските интеграции на Албанија и изрази надеж дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија ќе заврши што е можно поскоро, со поддршка од европските и американските партнери. Меѓународниот самит во Тирана беше посветен на промовирањето на мирот, меѓуверскиот дијалог и почитувањето на верската и етничката разновидност како основа за стабилно и демократско општество.

Весник „Илинден“ на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Фото и видео: Васил Стерјовски

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top