Македонија

„Овие не се гласот на студентите, туку на ДУИ“: ВРЕДИ за протестот за правосуден испит на албански

Сите прашања што овие фотелјаши ги оставија недовршени, ВЛЕН ќе ги реши одговорно, порачаа од партијата на власт

Партијата ВРЕДИ ја обвини ДУИ за злоупотреба на протестот за полагање правосуден испит на албански јазик најавен за утре.

„Цела јавност веќе сфати дека некои ‘студенти’ влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотелјаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори“, порачаа од донеодамнешната коалиција од пет партии на Албанците од Македонија што се интегрираа во еден политички субјект.

„Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалак, а сега се крие зад младите, за преку мала врата да се врати на власт.

Дваесет години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници.

Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно: ‘Против кого протестираат? Против сопствените родители?’

Ова е прочитана и провидна игра, осудена на пропаст уште од старт.

Овој филм нема да им помине. Нема да дозволиме младите да се користат за политички агенди на ДУИ. Правосудниот испит на албански јазик, како и сите прашања што овие фотелјаши ги оставија недовршени, ВЛЕН ќе ги реши одговорно“, се вели во соопштението од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top