Македонија

Падна рекетарска шема – фатено примопредавање на 165 000 евра

Со месеци закани, со години рекет, со стотици илјади евра исцицани преку страв и уцени

Со месеци закани, со години рекет, со стотици илјади евра исцицани преку страв и уцени. Бирото за јавна безбедност денеска стави крај на ова. Лице е фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и по криминалистичка обработка.

Според неофицијални информации се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани, кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца.

,, Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. Ова е порака. Нема веќе „газди“ над законите. Нема веќе рекет врз чесни граѓани. Нема повеќе молк пред заканите”, објави Нетпрес.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top