Македонија

Панел-дискусии во Собранието на Република Македонија

Поздравни обраќања ќе имаат претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, директорот на Државниот архив на Република Македонија, м-р Димитар Богески и директорот на ЈНУ Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов.

Во законодавниот дом денеска ќе се одржат панел-дискусии по повод 35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Како што информираат од собраниската прес-служба, поздравни обраќања ќе имаат претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, директорот на Државниот архив на Република Македонија, м-р Димитар Богески и директорот на ЈНУ Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов.

Во рамки на настанот ќе биде прикажам документарен филм „35 години од донесувањето на првиот Устав на Република Македонија“ и изложба на архивски документи.

На панел-дискусијата ќе говорат проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Република Македонија и член на експертската група именувана од Владата за подготовка на нацрт-текстот на Уставот на Република Македонија, Тито Петковски – поранешен претседател на Собранието на Република Македонија и член на Комисијата за уставни прашања во 1991 година, Насер Зибери – поранешен потпретседател на Владата на Република Македонија и член на Комисијата за уставни прашања во 1991 година, проф. д-р Владо Поповски – почесен член на МАНУ и член на експертската група именувана од Владата за подготовка на нацрт-текстот на Уставот на Република Македонија и Ламбе Арнаудов – пратеник во првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија.

На настанот ќе се одржи и меѓународен симпозиум на тема „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“. На првата сесија ќе говорат проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Од суверенитет до европска уставност: 35 години борба за смислата на македонската уставна моќ“, проф. д-р Александар Спасов од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Уставот на СФРЈ од 1974 година и дисолуцијата на Југославија – од „конфедерирање на федерацијата“ кон независна македонска држава, м-р Димитар Богески од Државен архив на Република Северна Македонија на тема „Местото и улогата на Државната архива на НРМ/СРМ во собирањето и чувањето на историски извори за формирањето на македонската држава“, проф. д-р Рената Тренеска Дескоска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Поделбата на власта во Република Северна Македонија: уставни празнини, институционални кризи и злоупотреби“, проф. д-р Јелена Трајковска-Христовска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Уставниот суд на Република Македонија / Република Македонија: статус, предизвици и перспективи во современиот македонски конституционализам и проф. д-р Марко Кртолица од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Развојот на изборниот систем за избор на пратеници во македонското Собрание: искуства, дилеми и идни реформи“.

На втората сесија ќе дискутираат доц. д-р Зоран Иванов од ЈНУ Институт за национална историја на тема „Меѓу реактивноста и проактивноста: градење институционално знаење и капацитет во одбранбениот и безбедносниот систем на Македонија (1991–2026)“, проф. д-р Мирела Кожениевска-Вишњевска од Јагелонски универзитет, Краков, Полска на тема „Хенрик Батовски и независноста на Македонија: Преписка од времето на распадот на Југославија“, проф. д-р Рафал Вожница од Јагелонски универзитет, Краков, Полска на тема „Личната дипломатија и борбата за признавање: Киро Глигоров и односите на Македонија со Соединетите Американски Држави (1991–1994)“, доц. д-р Сашо Додевски од Институт за историја – Филозофски факултет при УКИМ на тема „САД и мировната мисија на ООН УНПРОФОР и УНПРЕДЕП во Република Македонија 1993–1999 година“, проф. д-р Страшко Стојановски и проф. д-р Дејан Маролов од Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип на тема „Етаблирањето на независна Македонија на меѓународната сцена низ призмата на теориите на структурниот реализам“ и вонр. проф. д-р Иван Иванов од Меѓународен балкански универзитет – Скопје на тема „Самоопределување и меѓународно признавање: прашањето на суверенитетот на РМ по 1991 година“.

На третата сесија ќе говорат академик Изет Зеќири од Македонска академија на науките и уметностите на тема „Демографските процеси, миграциите и нивните импликации врз развојот на Република Македонија / Северна Македонија“, проф. д-р Иванка Василевска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Улогата на парламентарната дипломатија во развојот на евроинтегративниот процес – со посебен акцент на Мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација“, проф. д-р Александар Спасеновски, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Диференцирана видливост и правна еднаквост: верските заедници во македонскиот уставен поредок, 1991–2026“, проф. д-р Ана Чупеска, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Од територијален до дигитален суверенитет: епистемичките права и уставната отпорност на Република Северна Македонија“, проф. д-р Љубица Јанчева, ЈНУ Институт за национална историја на тема „Од парламентарните предлози до меѓународното признавање: патот на Република Македонија кон самостојноста (1991–1993)“ и м-р Ивица Боцевски на темата „Врвот на уставниот национализам и раѓањето на демократското прилагодување во Македонија, 1989–1992“.

На последната сесија ќе се обратат проф. д-р Зејни Мазлами од Државен универзитет во Тетово на темата „Историски развој на македонско-грчкиот спор (1991–2018)“, проф. д-р Темелко Ристески од Американски универзитет во Европа – ФОН на тема „Преспанскиот договор и македонскиот национален идентитет“, проф. д-р Ирена Стефоска, ЈНУ Институт за национална историја на тема „Преспанскиот договор и членството во НАТО на Република Македонија“, проф. д-р Димитар Љоровски, ЈНУ Институт за национална историја; д-р Донче Тасев на тема „Членот 7 од Преспанскиот договор во грчкиот јавен и научен дискурс: толкување меѓу историско-културното разграничување и прифаќањето на македонскиот идентитет“, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ, ЈНУ Институт за национална историја на тема „Од маргинализација до уставно признавање: бошњачката заедница во Република Македонија / Република Северна Македонија“ и проф. д-р Нада Јурукова од ЈНУ Институт за национална историја на темата „Првиот Устав на Народна Република Македонија од 31 декември 1946 година и неговиот одраз во општествено-политичкиот и културно-просветниот живот (1946–1950)“.  МИА

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top