Македонија

Паника кај инволвирани во Рекет 2, наводни аудио фајлови внесле немир кај повеќе лица

Засега не е познато кој ги снимал овие фајлови но изворите тврдат дека на нив се гледа инволвираност на дел од луѓето кои ги наведува МКД.мк

Аудио фајлови со инкриминирачки разговори кои покажуваат инкриминараност во случајот кој го отвори МКД.мк за рекетирање на македонски бизнисмен внесле немир кај повеќе лица кои се поврзуваат со новиот случај познат како Рекет 2.

Извори на expres.mk блиски до едно од лицата чие однесување е дел од истражни активности на Обвинителството тврдат дека постојат аудио записи кои докажуваат огромен случај на рекет. Тоа лице тврди дека овие фајлови ја докажуваат неговата невиност.

Засега нема официјална потврда за постоење на овие дигитални информации и не е познато кој ги снимал овие фајлови но изворите тврдат дека на нив се гледа инволвираност на дел од луѓето кои ги наведува МКД.мк но индиректно насочува и на други лица кои имаат врска со скандалот.

Според мкд.мк обвинителството истражува настани во кои се инволвирани екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, Бојан Јовановски алијас Боки 13 и двајца активни обвинители Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.

Меѓу лицата кои се од интерес за обвинителството е и еден познат скопски адвокат кој има близок роднина во еден од Скопските судови.

За него постојат сознанија дека како лице кое од претходно имал контакти со Боки 13 во посочениот случај се наоѓал во ситуации кои го доведуваат во врска во настани поврзани со делата кои се содржани во погоре посочените аудио фајлови.

Извори кои се запознати со случувањата анализираат дека не се исклучува некое или некои од лицата од интерес за обвинителството да соработува со истрагата и да достави докази за други осомничени со цел да се спаси/спасат од прогон.

„Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по него постапува надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамките на своите надлежности обвинителството ги презема сите неопходни дејствија за испитување на наводите содржани во изјавите на пријавителите. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов ОЈО ГОКК не е во можност да сподели повеќе детали“, одговорија за МКД.мк од ОЈО ГОКК.

Обвинителството не открива кои се пријавителите на предметот.

Повеќе детали на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top