Македонија

Партиите дебатираат како за парламентарни избори: за албанскиот јазик и национални прашања, наместо за локална власт и проблеми на граѓаните

„Политичките партии треба во предизборната кампања да се насочат на конкретните комунални проблеми и потреби на граѓаните, како што се водоснабдување, канализација, паркинзи, плоштади, тротоари и друго, ова се локални, а не парламентарни избори!“ – критикуваа политичките аналитичари во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

„Се поставува прашање пред нас: дали се ова локални, или парламентарни избори? Дали имаме  избори за претседатели на општини, или за пратеници во парламентот и за владини претставници?“ – нагласи д-р Сефер Тахири, експерт за политичка комуникација и политички аналитичар, во емисијата „Дебата во ТВ Шења“.

Во информацијата со наслов „Партиите не се насочени на локалната власт“ телевизијата ги пренесува покарактеристичните искажувања на учениците во оваа емисија. „Во овие избори партиите не се насочени директно на општините, на локалните проекти, кон она што го очекува граѓанинот, значи во смисла на реализирање животно важни проекти, кои се однесуваат на канализации, водоводи и вода за пиење, на собирање ѓубре, на јавно осветлување. Партиите ја кренаа дебатата на повисоко политичко рамниште.“ – посочи   Сефер Тахири.

Политичкиот аналитичар Џелал Незири вели дека националното прашање треба да се третира на парламентарни, а не на локални избори, бидејќи, како што посочува, дури и да ги освоите сите општини, не можете ниту да спречите дискриминаторски закон, ниту да унапредите некое друго право, бидејќи не е локалната самоуправа за тие прашања. Тој рече дека не верува оти овие локални избори ќе ја одредат судбината на сегашната влада.

„Не можеме да гласаме за советници и градоначалници и да тврдиме дека со тоа ќе промениме нешто на национално ниво. Не може да се подобри албанскиот јазик преку победа во некоја општина. Со гласање на локални избори не може да се се спречи стеснувањето на употребата на албанскиот јазик, или други права што ги бара опозицијата.“ – напомнува Џелал Незири

Незири рече дека локалните избори имаат врска со многу конкретни проблеми на граѓаните како што се: водоснабдување, канализација, паркинзи, плоштади, тротоари и други. – објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top