Македонија

Патиштата проодни, службите на терен – стабилно во Македонија по снежните врнежи

Сè уште е во сила забраната за движење на товарни моторни возила на планинските превои Стража и Пресека. До пладне сите патни правци на територијата на Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози, информира Центарот за управување со кризи во најновиот извештај за состојбата на патиштата.

Според информациите од регионалните центри и надлежните служби, на територијата на државата во моментов нема активни врнежи од снег, соопшти Центарот за управување со кризи. Патните правци на кои претходно беше формирана снежна покривка се расчистуваат и се врши опесочување, при што сообраќајот се одвива во зимски услови, претежно по влажни коловози.

Екипите на ЈП „Македонија пат“, општинските зимски служби и јавните комунални претпријатија се постојано на терен и работат согласно утврдените приоритети. Главните магистрални и регионални патни правци се проодни, додека локалните патишта се расчистуваат на местата каде што претходно имало насобран снег.

Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на одредени планински превои и понатаму остануваат во сила таму каде што беа претходно воведени. Од надлежните служби информираат дека нема пријави за нови застои или посериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето се стабилни, без евидентирани прекини на територијата на државата. Надлежните институции ја следат состојбата на терен и постапуваат согласно информациите од Авто-мото сојузот и теренските извештаи.

Од Центарот за управување со кризи најавуваат дека и натаму внимателно ќе ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста доколку дојде до какви било промени.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top