Македонија

Падна првиот снег во Македонија

Високите делови на планините веќе се побелени

Првата снежна покривка за оваа сезона ги зафати високите делови на Осоговските Планини. Додека во пониските предели сè уште преовладуваат есенските временски услови, на повисоките надморски височини веќе се формираше првиот снег.

Според објавените фотографии на каменица24, зимата ги испрати своите први знаци на Осогово, каде што високите планински предели се целосно побелени.

Врнежите од снег на Осоговските Планини го означуваат почетокот на постепената промена на времето и заладувањето што ги зафати планинските региони во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Железници – Транспорт имаат само две употребливи локомотиви од вкупно 62 и 109 милиони евра загуба!

Со ревизијата на ЖРМ Транспорт АД Скопје за 2024 година е утврдено дека загубата за 2024 година изнесува 331,8 милиони денари, а заедно со пренесените загуби од претходните години достигнува 6,75 милијарди денари, односно 109, 115 милиони евра, соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Новата шефица на ОЈО ГОКК: Нема да има интервенции во предмети, обвинителите ќе одлучуваат врз основа на закон и докази

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, изјави дека притисоците врз обвинителите се реалност со која се соочува професијата, но оти носителите на обвинителската функција мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

Осомничен од ИТ-сектор за пари менувал оценки, бодови, студентски досиеја

Во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари, но засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

To top