Македонија

Пеколно топло денеска и за време на продолжениот викенд

Температурите во најтоплиот дел од денот ќе достигнуваат околу 39 степени, додека во повеќе места се очекуваат и тропски ноќи, со минимални температури кои тешко ќе се спуштаат

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Топлотниот бран што ја зафати Македонија ќе продолжи и во наредните денови, а според метеоролошките прогнози, високите температури ќе се задржат до крајот на неделата.

Температурите во најтоплиот дел од денот ќе достигнуваат околу 39 степени, додека во повеќе места се очекуваат и тропски ноќи, со минимални температури кои тешко ќе се спуштаат.

Дополнителен фактор ќе биде сахарската прашина која се очекува да пристигне над Македонија од петок и да се задржи во текот на продолжениот викенд, односно на 28, 29 и 30 август.

Поради присуството на прашина, небото може да биде заматено, а воздухот да изгледа нечист. Во комбинација со високите температури и спарното време, условите ќе бидат особено непријатни за престој на отворено.

Особено внимателни треба да бидат метеопатите и лицата чувствителни на временските промени, кај кои ваквите услови може да предизвикаат засилување на тегобите.

Се препорачува во најтоплиот период од денот да се избегнуваат непотребни излегувања и физички активности на отворено, да се внесуваат доволно течности и редовно да се следат официјалните временски и здравствени препораки.

Најнови вести од: Македонија

Меѓународен ден на кучињата: Односот кон животните е одраз на општеството што го градиме

По повод 26 Август – Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ потсетува дека овој ден не е само можност да ја славиме поврзаноста меѓу луѓето и кучињата, туку и повод сериозно да размислиме за нашата одговорност кон нив

To top