Македонија

Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам

Секој ваков проект и секоја инвестиција се важни за општините, затоа што значат конкретно подобрување на секојдневниот живот на граѓаните

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска големиот верски празник Св. Никола, патронот на град Штип, го помина во овој град, каде што присуствуваше на свечената литија и чинот на кршење на празничниот колач.

Чествувањето се одржа во присуство на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со бројни верници и граѓани.

Во рамки на денешната агенда, министерот Перински присуствуваше и на седницата на Регионалниот совет на Источниот плански регион, каде што беа разгледани тековни и идни активности поврзани со надлежностите за имплементација на политиките за рамномерен регионален развој.

Во текот на посетата, министерот направи увид, на проектот EcoScape – „Трансформирање на урбани локации со зелени инфраструктури“, кој се реализира во рамки на Приоритет 1: Позелен пограничен регион од ИПА програмата за прекугранична соработка. Во рамки на овој приоритет се финансирани шест проекти со вкупна вредност од над 5,1 милион евра.

„Секој ваков проект и секоја инвестиција се важни за општините, затоа што значат конкретно подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, односно повеќе зелени простори и поквалитетна урбана средина. Министерството за локална самоуправа, преку националното кофинансирање, останува посветен партнер на општините во реализацијата на вакви проекти. И секако ги повикувам  општините да ги искористат сите ресурси и целата поддршка што им ја ставаме на располагање.“, изјави министерот Перински.

Градоначалникот Јорданов информираше дека Општина Штип во рамки на проектот EcoScape веќе работи на имплементација на инвестициски активности поврзани со зелена инфраструктура, уредување на зелени површини и воспоставување на три паркови – два урбани парка и еден мал парк. „Нашата тенденција е, општина Штип во наредниот период да стане пример на општина што води сметка за интеграција и координација на урбаното зелено, да промовираме усвојување на практични еколошки решенија во урбаните средини со зголемено зеленило.“, истакна Јорданов.

Во текот на денот се одржа и Првата прес-конференција на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и близок до природата туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“, со што формално беше означен почетокот на уште една значајна прекугранична иницијатива.

Проектот се имплементира преку ИПА 3 програмата, во рамки на Приоритет 3: Интегриран развој на прекуграничниот регион, со вкупен буџет од 1.054.056,20 евра, и има за цел одржлив развој на туризмот преку поврзување на културното наследство и природните ресурси на двата региона.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top