Македонија

Пет делови од Скопје денеска без електрична енергија

ЕВН врши одржување на електродистрибутивната мрежа

Повеќе делови од главниот град денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.

Прекините ќе се одвиваат во следните термини:

  • Општина Сопиште: Од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње (локалитет Коштан), а од 09:00 до 12:00 часот – дел од корисниците на улица 4 во Сопиште (локалитет Ветрила).
  • Општина Бутел: Од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во близина на Сервис Бутел.
  • Општина Аеродром: Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 21.
  • Општина Карпош: Од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе имаат дел од корисниците на улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“.
  • Општина Ѓорче Петров: Од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците на улиците „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“ и „Смилевска“, како и објектот на месната заедница, бензинската пумпа и дел од корисниците на улицата „Црногорска“. Дополнително, од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улица 95 и околните улици во селото Волково.

Од Регионалниот центар за управување со кризи апелираат граѓаните од засегнатите подрачја да ги преземат потребните мерки за да ги минимизираат можните непријатности.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top