Македонија

Петмина обвинители се кандидираа за наследник на Абази

Изборот ќе се спроведе на 28 октомври од 8 до 16 часот

Петмина обвинители поднесоа сопствени кандидатури за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), информира претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими.

Вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, поранешниот обвинител во СЈО, а сега обвинител во Вишото јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје, Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи, се петтемина кандидати за наследник на Ислам Абази, чиј мандат истече.

Советот на јавните обвинители в петок ќе одржи седница на која треба да бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК, а изборот ќе се спроведе на 28 октомври од 8 до 16 часот.

Право да се кандидираат имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж како јавен обвинител до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години.

 

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top