Македонија

Петрушевски: Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот од 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово

„Нема одговори од СДС, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?“ – нагласува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во обраќањето кон јавноста.

Натаму Петрушевски истакнува: Дали Заев бил подготвен заради сопствени бизнис интереси, да му овозможи на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа на САД Дака да гради во Тетово? Дали освен финансиските побуди на Заев, ја ширел и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски? Зошто СДС и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?

По се изгледа, единствениот одговор се парите. За пари во џеб СДС, Заев и Филипче се подготвени да шират противдржавна политика и даѝ штетат на Македонија во евроинтеграциите.

СДС, Филипче и Заев, освен пари ништо друго не ги интересира., наведува Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Кафулиња и маркети ќе му плаќаат на „Комуналец“ за сопствени контејнери и собирање ѓубре

Од Град Скопје појаснуваат дека досегашната одлука не содржела одредби за оваа комунална дејност, поради што се наметнала потребата од нејзино дополнување. Со новите измени, ЈП „Комунална хигиена“ се утврдува како единствен овластен субјект за собирање и транспорт на комуналниот комерцијален отпад на територијата на градот.

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад со боксови и нож врз двајца на гробишта во Бутел

Основно јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица осомничени за кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент во Бутел. Според Обвинителството, на 7 април осомничените – татко и неговите два сина – во група малтретирале и грубо навредувале двајца оштетени, предизвикувајќи чувство […]

Објавена Заедничка изјава за стратегискиот дијалог меѓу Македонија и САД – јакнење на соработката во клучни области, вклучително енергетиката и економијата, одбраната и безбедноста

Владите на Република Македонија и Соединетите Американски Држави денеска објавија Заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што информираат […]

Мицкоски до Филипче: Бројките и мерките се во полза на оваа Влада, имаме една од најниските стапки на инфлација

Мерката што ја направи Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто за нафтените деривати, а сега и можноста Регулаторната комисија да ги намали акцизите и на дизелот и на безоловните горива, придонесе на месечно ниво да имаме една од најниските стапки на инфлација – порача денеска од говорницата на македонското Собрание претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Ацо Ристов е нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика на местото на Бислимовски

Собранието на Македонија со 68 гласа „за“ попладнево го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимовски, кој поднесе оставка во февруари годинава.

Ќе добие ли Скопје нови градски автобуси?!

Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите, кажа скопскиот градоначалник.

В.Л. пукал со службен пиштол во двор, а куршумите завршиле во соба на соседите – ќе одговара кривично заедно со уште еден полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Најнови вести

To top