Македонија

Мицкоски до Филипче: Бројките и мерките се во полза на оваа Влада, имаме една од најниските стапки на инфлација

Мерката што ја направи Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто за нафтените деривати, а сега и можноста Регулаторната комисија да ги намали акцизите и на дизелот и на безоловните горива, придонесе на месечно ниво да имаме една од најниските стапки на инфлација – порача денеска од говорницата на македонското Собрание претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче, за тоа кои мерки ги има преземено Владата за менаџирање на кризата, Мицкоски одговори дека мерките што ги имала преземено владата на СДСМ и ДУИ донеле долгови и до ден-денеска тие се враќаат. Вашите мерки од времето ги плаќаме до денеска, еве солидарниот данок – сега ја вративме првата рата од 20 милиони евра, сега и втората рата од следните 20 милиони евра. Тие мерки ги видоа граѓаните и на неколку изборни циклуси по ред го даваат одговорот на мерките од времето на владата на СДСМ и ДУИ, посочи премиерот.

Тој истакна дека кога опозицијата прави споредба за мерките и економијата, треба да направи споредба на реални параметри. 

Владата во изминатите шест квартали генерира просечно раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 3,5 проценти. Реален и номинален над 7 проценти. Владата на СДСМ и ДУИ, пак, во првите шест квартали имаше раст на БДП од 1,8 отсто, номиналниот под 6 проценти. Ако сакате да ги земете и 28-те квартали, како што тогаш функционира таа влада, растот беше под 2,8 отсто. Значи, два спрема еден е разликата. Инаку, за стапката на инфлација, токму онаа мерка што ја направи Владата, намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто, а сега и можноста Регулаторната комисија да ги намали акцизите и на дизелот и на безоловните горива, придонесе на месечно ниво да имаме една од најниските стапки на инфлација. Еве, ќе ви ги прочитам, Бугарија е 0,9, ние сме 0,7, да речеме Германија е 1,2, Ирска е 1,7, Грција е 2, Шпанија е 1,5, Хрватска е 1,2 итн. Само четири држави во Европа на месечно ниво имаат пониска стапка на инфлација Словенија, Белгија, Естонија, која има секако висока стапка, и Словачка. Сите други имаат повисока стапка на инфалција на месечно ниво – вели Мицкоски.

Претседателот на Владата истакна дека единствената држава што учествува од буџетот во мерките е токму нашата и ниедна друга во Европа и, како што рече, сите други прават импровизиција. Ја спомнавте Хрватска, како и нафтата во Хрватска. Нафтата во Македонија е едно и пол евро за литар, а во Хрватска 1,81 евро/цент за литар. Нема параметар, нема статистика со која ќе можете да го споредите ова со она што вие го правевте. Впрочем, на избори граѓаните носат суд за она што го прави оваа Влада за граѓаните и што сте правеле вие како влада. Кога правите споредба, треба да сфатите дека ги потсетувате граѓаните на најлошите времиња во македонската историја на политичката сцена. Времиња полни со криминал, времиња полни со корупција, банди што пустошат во Скопје. Времиња во кои се палат модуларни болници. Времиња во кои Македонија плаќаше рекет во еден локал во југоисточна Македонија – вели Мицкоски.

Премиерот Мицкоски од собраниската говорница рече дека и до ден-денеска се враќаат долговите од владата на СДСМ и ДУИ, а освен долговите за солидарниот данок, треба, како што рече, да запишат еврообврзници од 900 милиони евра од времето на СДСМ и ДУИ, како и 700 милиони евра еврообврзница, која треба да се врати, и преостанатото се буџетски дефицит и камати. Бројките и мерките се немилосрдни во полза на оваа Влада во споредно со вас, два спрема еден во најмала бројка, а политички е три спрема еден. Политички е минимум три спрема еден, зависи од тоа кој и како ги прави анкетите – истакна Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top