Македонија

Петрушевски: СДС го координира и управува ССМ

Како на централно така и на локално ниво

СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво. Во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДС, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДС, ијзави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски – Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и вработен во ЈП Чистота и Зеленило во Куманово.

На фотографијата го гледаме Оливер Трајковски, кој е сликан со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДС Оливер Илиевски и носителот на листа Атина Мургашанска, за локалните избори 2021 година“, додаде тој.

„Од СДС и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да и наштетат на владата.

ССМ и во Куманово и во другите општини е раководено од општинските организации на СДС.

ССМ и СДС се веќе едно исто“, потнцира Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top