Македонија

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

Стратегија, визија, доктрина, парадигма. Силни и тешки зборови од кои на човек може да му се заврти во главата. Но, такви се политичарите. Ќе ве бомбардираат со компликувани изрази, ќе ви ги истресат врз темето како баба тепих и ќе ве остават да се чудите. Во тој занает секогаш убедливо предничеше сега осакатената партија СДСМ, каде уметноста само да се зборува а да не се направи ништо имаше достигнато епски височини. Навежбани ликови беа тоа, од Бранко Црвенковски па до последното претседателче на месна организација во некоја недојдија, сите наизуст можеа да ви набројат еден куп термини ослободени од каква било суштина, но звучни и што би се рекло, ѕвонасти. Дури и Заев „со три часа во среда и петок премиер станав“, обилно користеше тешка вербална артилерија, иако во неговиот случај беше мачно да се гледа збунетото изговарање, иако со одредена сипматија кон трудот за таа за него неразбирлива каша да се научи напамет и самоуверено да се избрбори пред позерската поблика.

Но доста за тажното минато. Да се свртиме кон иднината ако е тоа можно. ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Кавадарци усвои стратегија (опаа, еве ги термините за збунитис) која ја нарекува „Ново поглавје –Македонија 2030“. Иако тоа е партиски  документ, со оглед на фактот дека се најсилниот и најважниот политички чинител во земјата, тој истиот речиси по автоматизам станува и државен, односно сенароден. За цел народ просто кажано. Што има во него? Па, да се цитирам сабеси од воведот во овој текст „силни и тешки зборови од кои на човек може да му се заврти во главата“. Само што, се надевам дека не грешам, во терминолошкиот рафал како да се гледа и суштина. Што дава надеж за конкретни успеси. На повеќе полиња. Имено, набројани се шест стожери на оваа стратегија: Државна безбедност, економска конкурентност, правна држава, демографска политика, европска интергација и надворешна политика и конечно, образование, култура и идентитет. Со дополнителни теми како вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, геоекономска дипломатија и основање на Фонд за иднината. Интересно, велам, Интересно. И што е тука ново и посебно, прашува скептикот во мене? Еве ова, одговара позитивистот: „Тоа значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија. Стратегијата се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на краткорочни одлуки и да воведе долгорочен план и систем за управување“.

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување. И во овие зборови лежи, чинам, суштинскиот превод на целиот документ. Постои план како да се работи не од денес за утре, туку од денес па години напред, со јасни и прецизни детали за сите кои учествуваат во спроведувањето да не можат да речат дека не знаат, не разбрале, не се одовде. И тоа е се. Нормално дека оваа стратегија може да си остане само парче хартија доколку не биде упорно и систематски применувана по целата вертикала на хиерархија и со полна одговорност. Како да знаеме дали ќе биде така? Не знам, не сум видовит, не гледам на гравче, во кугла, во воловски џигер. Гледам во тоа што е пред мене и ми изгледа дека е остварливо. Зошто е добро за сите нас. Со прости зборови кажана, ете, едноставно постои план, ајде сега да го оствариме.

Драган Милосављевиќ

 

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред сам да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top