Македонија

„Плус инфо“: Бура во чаша вода по изјавата на Муцунски за протоколите со Бугарија

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка предизвика бурни реакции во повеќе македонски и бугарски медиуми. Шефот на македонската дипломатија за Плусинфо потврди дека нема промени во македонската принципиелна позиција во однос на пристапниот процес кон ЕУ. Ова го објави „Плус инфо“.

Натаму порталот истакнува: Бугарски медиуми ја критикуваа изјавата на Тимчо Муцунски, повикувајќи се на членот 5 од Преговарачката рамка, кој, според нив, упатува на членот 12 од Договорот за добрососедство со Бугарија и значи дека спроведувањето на протоколите е вградено како механизам според кој ЕУ го оценува напредокот на Македонија.

На прашањето во што се состои е разликата меѓу неговото тврдење и тезите на Бујар Османи, министерот Муцунски е категоричен: – Разликата е суштинска. Ние не тврдиме дека билатералните прашања не се користат за влијание врз пристапниот процес. Напротив, токму затоа бараме јасни, правно издржани и недвосмислени гаранции. Но, не смееме да прифатиме теза дека т.н. протоколи се правен дел од Преговарачката рамка, бидејќи тоа едноставно не е така. За жал, токму Бујар Османи беше оној којшто зад затворени врати, во разговорите со тогашната бугарска влада, ја застапуваше тезата дека протоколите се правно обврзувачки документи. Денес, кога ние ја браниме правната вистина и бараме јасни гаранции дека билатералните толкувања нема да станат европски критериуми, обидот тоа да се претстави како промена на позицијата е целосно неоснован.

Шефот на македонската дипломатија повторува дека разговорите со земјите членки на ЕУ, со европските институции и со Бугарија продолжуваат. – Постои позитивен импулс за изнаоѓање решение, но во овој момент нема договор што може да биде презентиран пред јавноста. Ние немаме друга алтернатива освен да бараме решение, но тоа нема да биде решение по цена на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Нашата цел е европски пат заснован на доверба, правна сигурност и заемно почитување, а не на нови билатерални условувања – категоричен е Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top