Македонија

Муцунски: Потребен е доверлив процес на проширување на ЕУ – Западниот Балкан мора да остане стратегиски дел од европската иднина

„Единството е нашата сила, а европската интеграција – заедничка цел.“ – порача министерот за надворешна политика и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски на денешната средба на министрите за надворешни работи на Јадранско-Јонската иницијатива, одржана во Њујорк.

„Во заднината на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации денеска во Њујорк се обратив на првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива – историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам.“ – објави на фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски.


Преку општествената мрежа тој дополни: Состанокот беше организиран од страна на нашата држава, која ја презеде едногодишната улога на претседавач со иницијативата. Под мотото „Зајакнување на регионалното единство, унапредување на европската иднина“ ја потврдивме нашата определба за продлабочување на интеграцијата и зајакнување на врската со Европската унија. Во обраќањето ја нагласив потребата за доверлив процес на проширување на ЕУ, при што Западниот Балкан мора да остане стратегиски дел од европската иднина. Испративме јасна порака: единството е нашата сила, а европската интеграција – заедничка цел.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top