Македонија

„Плус инфо“: Филипче е пак „уфилман“, го следел „приватен Мосад“! СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ „ангажирала разузнавачка компанија за следење на опозицијата“!

„Станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија, позната по следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели.“ – тврди СДСМ.

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) тврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и, како што велат, за фабрикување афери. Во соопштението се наведува дека „станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија“, која СДСМ ја опишува како „приватен Мосад“, позната по „следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели“.

„Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче“ – наведува СДСМ во соопштението. Од СДСМ тврдат дека „тим на Black Cube неодамна престојувал во Скопје и одржал состаноци во хотел“, на кои, како што посочуваат, „присуствувал и бизнисмен близок до ВМРО-ДПМНЕ, кој требало да го финансира ангажманот“.

Во соопштението се прави и „споредба со Унгарија“, при што се наведува дека „вакви методи претходно биле користени од Виктор Орбан“, а се споменуваат и наводни „активности поврзани со избори во други земји“.

„Ова не е случајност. Ова е класичен автократски модел: кога легалните инструменти не функционираат, се ангажираат приватни разузнавачки агенции, за да се прават лажни афери и да се заплашува опозицијата.“ – изнесува СДСМ во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека, и покрај овие наводи, партијата ќе продолжи да инсистира „на вистината, на независното правосудство и на европскиот пат на Македонија“.

„Плус инфо“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top