Македонија

По 18 години во Америка Ана Дукоска се врати во Македонија

Дома можеби не е совршено, но е совршен МОЈ ДОМ

Не е лесно да се напушти местото што те обликувало, мојот втор дом нешто повеќе од 18 години.

 

Тука учев да бидам тивка и гласна, нежна и силна, своја и туѓа — додека не научив да бидам само ЈАС. Ги носам тие години во себе како сведоци на сè што ме идентификува денес: сила што не се крши, самостојност што не чека, ниту бара дозвола за било што, силна верба што свети и во најтемните денови.

 

Сега тргнувам за назад — не бегам, туку се враќам. Таму каде што срцето ми чука со стар ритам: седум-осминскиот, Македонскиот и нова страст: искра надеж за сè што ми претстои.

 

Дома можеби не е совршено, но е совршен МОЈ ДОМ. Знам дека ме чека со отворени раце, а јас се враќам со мисли што знаат каде припаѓаат, подготвена повторно да чекорам и создавам во и за земјата што отсекогаш ме повикувала – мојата Македонија. ❤️💛

 

Фејсбук статус на Ана Дукоска

Најнови вести од: Македонија

Послекогресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази надеж дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top