Македонија

По бруталното убиство во Челопек Т.Б. (25) лишен од слобода, истрага дали е поврзан и со други убиства во Кумановско!

СВР Куманово поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Куманово против Т.Б. (25) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство. Според пријавата, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста што таа живеела сама, била стара и немоќна, па додека спиела во својот дом физички ја нападнал и ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди од кои починала.

Со координирани активности на СВР Куманово, Одделот за криминалистичка полиција, обвинителството и екипи од Институт за судска медицина обезбедени се докази што укажуваат на можна поврзаност на овој настан со други слични случаи во кумановскиот регион.

Поради сличностите во изборот на жртвите и начинот на извршување, се испитува дали станува збор за убиства извршени од ист сторител. За една од потенцијалните жртви е наредена ексхумација и обдукција, при што се подигнати траги и ДНК-материјал за вештачење.

Осомничениот е лишен од слобода и му е одредена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. Истрагата е во тек, а дел од доказните дејствија засега не се соопштуваат поради тајноста на постапката.

Најнови вести од: Македонија

To top