Македонија

По гужвите на Табановце, МВР воведе електронско плаќање на казните за странци – сообраќајот нормализиран

МВР

Сообраќајот на граничниот премин Табановце е нормализиран и во моментов се одвива без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека во изминатиот период на преминот биле регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци.

Од 2 февруари до 20 август 2026 „Безбеден град“ забележал 301.835 прекршоци, 180.378 се од странски возила!

Како дополнителна мерка, во функција е ставена и мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани.

Преку апликацијата, странските возачи можат да добијат информации дали имаат евидентиран сообраќаен прекршок, дали им е издаден платен налог, како и електронски да ја подмират глобата.

Од Министерството велат дека токму оваа можност ја забрзала постапката и придонела за намалување на задржувањата на Табановце.

Во претходните денови на овој граничен премин се создаваа долги колони откако почна практичната примена на санкционирањето на странските возачи чии прекршоци биле регистрирани од „Безбеден град“.

МВР најавува дека ќе продолжи со мерките за непречен проток на возила и патници преку граничните премини.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top