Македонија

По нападот на СДСМ врз Лондон, Пендаровски ги нападна САД и Израел

Екс претседателот влегува во отворен конфликт со администрацијата на Трамп

По нападот на СДСМ од каде во случајот ,,Наводни мигранти” го обвинија британскиот амбасадор Лосон дека е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа отворија војна со официјален Лондон, поранешниот претседател Стево Пендаровски ги нападна Америка и Израел.

За екс претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, Вашингтон и Тел Авив биле лошо подготвени за нападот врз Иран кој според него бил непотребен.

Со тоа Пендаровски кој ја обвинува владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ за аматеризам влегува во отворен конфликт со администрацијата на Трамп.

Пендаровски вели дека американско-израелскиот напад врз Иран „го извадил на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика“ поради безрезервната поддршка која македонските власти им ја дале на американската администрација и на секој нејзин потег.

„Тоа е поразителен факт“, порачува Пендаровски во интервју за БИРН, кој вели дека не само што една мала држава како Македонија може, туку е и нужно да одигра поинаку.

Македонија беше првата држава во регионот и пошироко, која најрано ја поддржа интервенцијата, многу пред Еди Рама и Александар Вучиќ, кои, како што вели поранешниот претседател, имаат далеку подобри односи со американскиот претседател Доналд Трамп и со неговата администрација.

„Кога е очигледно дека во истата алијанса има два пола што не се согласуваат, мала држава не смее да го избере само едниот. По дефиниција, тоа е ризично однесување“, вели Пендаровски.

За интервенцијата на САД во Иран, Пендаровски вели дека „освен што е непотребна, е и најлошо подготвената американска интервенција во последниве 100 години“.

Според него операцијата на САД претставува геополитички преседан, не поради игнорирањето на меѓународното право, што се случувалo и порано, туку зашто САД под Трамп за првпат ги заобиколиле НАТО-партнерите.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top