Македонија

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта.

Одбележуањето почна со Утрена богослужба, по што беше одржана Божествена Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископ Антаниски г. Партениј, со која ги поткрепи дебрани  и сите присутни подготвувајќи ги за Великата и страдална седмица и воскресението Христово.

-Благодатта на Светиот Дух нè собра денес сите заедно, возљубени, од различни краишта на нашата мила Татковина, овде, во овој свештен и сечесен храм – паметник на градот Дебар, за да го прославиме големиот празник, Влегувањето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во Светиот Град Ерусалим и се подготвуваме за најдлабокото таинствено созерцание – за Страсната седмица и за Воскресението. Ви посакувам на сите добра и благословена Страсна седмица и светла и радосна Пасха Господова! Нека сите Христијани во овој свет, разделени по јазици и по народи, се обединат во оваа единствена светлина, во Христа Воскреснатиот, посака владиката Партениј во својата беседа.

Посебна радост чувствуваа дебрани, кои се сè во помал број и со носталгија се потсетуваат на некои поранешни времиња, кога во градот живееле многу православни, кои го исполнувале овој божји храм.

-Ние, дебрани се чувствуваме почестени што денеска од цела Македонија се дојдени верници за заедно да ја споделуваме среќата на овој голем празник со кој се најавува спасението на човештвото. Полн храм, насмеани лица. Бескрајно сме му благодарни на нашиот владика Партениј, на братството од Бигорски и сестринството од Рајчица од каде потекнувам и јас, рече за МИА, седумдесетгодишниот Вељо, кој беше со сопруга Јованка.

Исто така радоста ја збогатија членовите на хорот „Козма Пречистански“со изведбата на Лазареви каланди.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се наоѓа во старата дебарска населба Варош, во горниот дел на градот,  изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во Македонија, вистински спомен на духовниот и градителски дострел на нашите предци од тој славен период.

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

-По иницијатива и заложбите на епископот Антаниски г. Партениј и во соработка со црковниот одбор и благочестивите дебрани, врз храмот беа изведени обемни конзерваторски и реставраторски работи, со што беше заштитен неговиот покрив од прокиснување, беа санирани големите оштетувања во внатрешноста, комплетно беше реновиран црковниот трем, беа комплетно возобновени столбовите на храмот, балконот на глаеријата, прозорците, екектричната инсталација, таванските греди, беа зајакнати темелите на храмот и тој е сега целосно заштитен од влага, и исто така, од страна на бигорското братство и раичкото сестринство беше извршено целосно чистење и украсување на црквата, рече за МИА, Душан Казанџиевски, од Црковниот одбор.

И владиката Партениј посебно го истакна трудот на дебрани кои месеци наназад се грижат да помогнат во реставрацијата на овој божји храм кој некогаш бил главен соборен храм на дебарското архијерејско намесништво, но и седиште на дебарската митрополија, поради што и ден денес просторот пред црквата сите го нарекуваат митрополија.

Фото: МИА

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top