Македонија

Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

Публиката ќе го памети по неговииот актерски ангажман во МНТ и по улогите во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“

На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили.

Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова, а веста за неговата смрт одекна меѓу колегите, пријателите и љубителите на театарот и филмот.

Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор, каде што го продолжи својот живот. Иако беше далеку од татковината, често се враќаше во Скопје, но последната година и половина од животот ја помина во Еквадор.

Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје.

Актерската кариера ја започна по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломираше актерска игра во 1989 година.

Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што остави значаен траг со бројни улоги на сцената.

Публиката ќе го памети и по неговите филмски улоги во „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“.

Во 2015 година откри дека поради борбата со рак се преселил во Еквадор. Боледуваше од рак на коски и подолг период се лекуваше.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top