Македонија

Поддршка од граѓаните за новиот закон за тротинети

Мора да се стават под контрола електричните тротинети

На велосипедските патеки, на тротоарите, па дури и на самите сообраќајници. Тротинети во Скопје секојдневно се движат надвор од безбедносните правила. И денеска сликата во главниот град не беше ништо поразлична иако во Собранието веќе почна процедурата за измена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Доколку немате 18 години, нема да може да возите електричен тротинет. Брзината пак ќе биде ограничена на

20км/ч, а доколку не ги почитувате правилата тротинетот може да ви биде одземен 30 дена. Граѓаните се задоволни од најавените законски измени.

„Сум за, да. Не се води ред, многу брзо се вози и гужва се прави непотребно а и од друга страна, многу сообраќајки во последно време.“

„Мислам дека е океј.“
„Ако е тука на улица до дуќан да оди, да купува нешто. Меѓутоа, ако излезе надвор веќе каде што има сообраќај, тоа го поддржувам.“

Овој скопјанец интензивно користи електричен тротинет. Тој е еден од многуте жители на главниот град што одбра да користат евтин и еколошки превоз за кој е потребно минимално место на јавните површини и е лесен за управување. Се согласува дека ред треба да се воведе бидејќи честа пракса низ улиците е да се видат по двајца или тројца малолетници како се возат на еден тротинет и тоа со преголема брзина, а во многу случаи интервенирала и брзата помош.

„Испод 18 години нема право веќе да се вози. Посебно пак и над 18, кациги треба.“

Според статистиката на МВР во последниве четири месеци имало 27 тешки сообраќајки со електричен тротинет, а во последните две години регистрирани се вкупно 2352 несреќи во кои учествувале мопеди, мотоцикли и електрични тротинети.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top