Македонија

Поднесена кривична пријава против уапсениот помошник директор во Царинска Управа, поради примање мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РСМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.

Во период од април до септември 2026 година, пријавениот во повеќе наврати побарал вкупно 17.500 евра од граѓанин што го пријавил настанот. Од вкупниот износ, 7.500 евра побарал и ги примил во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, побарал 10.000 евра за да го искористи своето реално влијание во постапка за јавна набавка која се наоѓала пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Неговата намера била, по враќањето на постапката на повторно одлучување во Царинската управа, да влијае врз изменување на критериумите во техничката спецификација во корист на правното лице, соопшти МВР.

На 10.09.2026, на претходно договорена средба, пријавениот го примил побараниот износ од 17.500 евра и потоа се упатил кон Тетово. Во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници се обиделе да го сопрат, но тој не застанал и со возилото удрил еден полициски службеник и службено возило, по што се дал во бегство. При тоа, преку прозорецот од совозачката страна исфрлил машка ташна во која биле парите. По кратко време, полициски службеници го сопреле возилото, а Џ.И. бил лишен од слобода.

Најнови вести од: Македонија

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top