Македонија

Поединци подметнале голем пожар на Жеден кај Желино, Тетовско со запалени гуми, пуштајќи ги да се тркалаат низ планината!

Пожарот продолжува бргу да се шири, поради ветрот, и претставува голема закана за населението во селото Желино

Во овие моменти активен е голем пожар на планината Жеден кај тетовското село Желино. Според неофицијални информации, пожарот е намерно подметнат од поединци, кои запалиле гуми и ги пуштиле да се тркалаат низ планината. Потоа се запалиле и зимзелени дрвја, грмушки и друга вегетација. Огнот зафати десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација. Во гаснењето дејствуваат тетовските пожарникари, полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ, 2 теренски возила пинцгауер, 1 хермелин, хеликоптер и 30 припадници на Армијата на Република Македонија, екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и авионите ер-трактори на ДЗС за воздушна поддршка.

Но пожарот продолжува брзо да се шири и натаму, поради ветрот. Претставува голема закана за населението во Желино, но и за учесниците во сообраќајот, кој се одвива во непосредна близина на пожарот. Полицијата има информации за лицата кои го подметнале пожарот и трага по нив. „Нашите сознанија и информациите од противпожарните единици од пожарникарите, што беа овде, се дека се најдени запалени 3 гуми. Тоа докажува дека човек го предизвикал овој пожар.“ – изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.

Пожари денес се гаснеа на уште пет други места во Македонија. Надлежните информираа дека три од нив се под контрола, а исто толку до 14 часот беа целосно изгаснати.

„Тетово инфо“

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Тачи се раздвои од Ахмети, но не успеа да влезе во Владата и спроти изборите е на крстопат – „ниту на небо, ниту на земја“

Тачи и ДПА пред сериозни дилеми како ќе настапат и со кого на годинашниве локални избори: пред четири години победија во градоначалничката трка само во Студеничани со Азем Садики, а тој сега пак се кандидира, но како независен кандидат.

ВИДЕО: 19 годишник заврши во полиција – предизвикал пожар во Тетово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар. “Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај […]

Гази Баба е најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции

Првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски соопшти дека општина Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции! – Според најновиот извештај на реномираната организација Центар за граѓански комуникации, Гази Баба го презеде приматот како општина со најголема вредност на јавни набавки на ниво на целата држава. […]

To top