Македонија

Полицијата влегла во четири скопски општини, се бараат докази за урбанистички криминал

Јавното обвинителство постапува и дава наредби до МВР, кое постапува согласно конкретни наредби од јавен обвинител

Припадници на различни единици   МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе скопски општини, при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

 

За да обезбедат докази за дивоградби, полицајците влегле во општините Чаир, Сарај, Аеродром и во Кисела Вода, рече Тошковски.

,,Не би можел да споделам во овој момент информации во врска со обезбедна документација, но сакам да напоменам дека ова се тековни активности на МВР. Ова не е затоа што сега јавноста има интерес за конкретната тема, па МВР постапува, туку ова се тековни активности по коишто постапуваме секојдневно”, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања.

 

 

Тошковски вели дека секаде мора да се постапи согласно закон.

 

,Доколку се утврди дека станува збор за дивоградба и дека престатвува ризик за безбедноста на граѓаните, истата ќе биде предмет на уривање”, рече Тошковски.

 

Прашан дали МВР постапува по пријавите од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, Тошковски рече МВР постапува во сите предмети за кои добива наредба од Јавното обвинителство. Каде што имаат соодветни информации и самите преземаат одредени дејствија, додаде тој.

 

,,Ова не го говорам заради тоа што е поврзано со темата, која се наметнува во јавноста во последниот период, ова го говорам затоа што е тековна активност на МВР во континуитет. За разлика од претходно, предметите не се ставаат во фиоки, туку напротив, континуирано и активно се работи и се преземаат дејствија. Факт е дека градоначалничката сè што има собрано како доказен материјал го доствува до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и така треба. Јавното обвинителство постапува и дава наредби до МВР, кое постапува согласно конкретни наредби од јавен обвинител и така треба да функционира едно нормално општество. Секој треба да си ја работи својата работа во рамки на делокругот на работење. МВР си ја работи работата што ја има во своја надлежност, МВР ниту поднесува обвинение, нити дава градежни дозволи ниту е комнунален инспектор”, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Најнови вести од: Македонија

Професорот по Римско право не знае да чита анкети – Реакција на МКД.мк и Маркет Вижн за лидерот на Левица

Господинот би требало да знае дека на избори не излегуваат оние што рекле нема да гласаат, а кога се проектираат изборни резултати од анкета се отстрануваат и оние кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија, стои во реакцијата

Нема да има застои во постапките против полицајците за пожарот во Кочани, уверува обвинителката Андонова

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи

Дали навистина поскапел лебот и зеленчукот во повеќе градови од Македонија?!

Откако горивата имаат повисока цена, следн на удар е лебот. Пекарниците во Прилеп и Битола ја зголемуваат цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари. Најави има и во дел од пекарите во источниот дел на земјата, односно во Штип и Кочани. Во Скопје, пак, веќе неколку дена се забележува поскапување на бурекот, симитот и други пецива, за околу пет денари.

Стојанче ја газел Ивана со нозете по стомакот, сведочеше сведокот Саздов

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин Саздов, зборувајќи за повредите на Ивана, модринките и слично,на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

To top