Македонија

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за примање поткуп при издавање лични документи

Двајца полицајци, една професорка и еден пожарникар се под кривична истрага затоа што за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Полицаецот од Интервентна полиција го поттикнувал колегата, кој фотографирал и примал барања за лични документи да ги прими граѓаните преку ред, со што се создал паралелен неформален начин на вадење документи за кој примале одреден паричен надомест. Сите ќе се гонат кривично за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Oдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење кривични дела, сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против М.С., полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, заради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и кривично дело „примање поткуп“, пото против П.П., полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ и кривично дело „примање поткуп“, против В.Р., наставничка во средно училиште во Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, како и против А.С., пожарникар во Град Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Пријавените од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема и организирале и спроведувале постапки за издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани, кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П..

Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат постапката за издавање лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејства на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски. Наведените дејства биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top