Македонија

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

СДСМ нема да учествува во работата на Комисијата за финансирање и буџет бидејќи се свесни дека немаат аргументи со кои би ги поткрепиле сопствените тврдења, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски откако опозициската партија соопшти дека се повлекува од работата во Комисијата во време кога треба да се направи ребаланс на Буџетот.

  • Што е важно за македонската јавност во однос на овој финансиски пакет? Прво, станува збор за најповолни можни услови кои во моментов се достапни на пазарот, и убедливо најповолни услови што некоја земја од регионот ги има обезбедено. Второ, со овие средства ќе продолжи интензивната реализација на капиталните инвестиции. Според податоците на Државниот завод за статистика, секторот градежништво бележи двоцифрен раст во повеќе квартали. Понатаму, ќе продолжи растот на бруто-домашниот производ, веќе шест квартали по ред имаме раст од околу 3,5%, што е значаен економски континуитет. Со овие средства ќе се финансираат: повисоки плати, повисоки пензии, изградба на три автопати, брза железница и реконструкција на постојните пруги, нови болници и училишта, како и продолжување на реализацијата на над 1200 капитални проекти низ државата. Но, она што е можеби најважно, и што претставува крунски доказ зошто СДСМ денес не учествува во расправата, е фактот дека дел од овие средства се наменети за отплата на еврообврзница земена во 2020 година, која доспева за плаќање во јуни – рече Стојаноски.

Тој нагласува дека однесувањето на кое сведочеле во изминатите денови, а особено денес, е бегање од дебата и јасен показател дека на СДСМ не може да му се верува.

  • Она што можам да го заклучам е дека аргументите кои неколку дена ги слушаме во јавноста, паѓаат еден по еден. Прво, се тврдеше дека во сала 4 нема просторни услови, односно нема каде да се седне, обезбедивме место. Потоа, се тврдеше дека заемот е ставен како втора точка на дневен ред, ја ставивме како прва точка. И кога дојде моментот тие аргументи да се соочат таму каде што им е местото, во Собранието, СДСМ одлучи да го направи она што го прави со месеци и години наназад: да избега од дебата – потсети тој.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top