Македонија

Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата ,,Свети Јован Крстител”

Опелото ќе го предводи поглаварот Стефан

Посмртните останки на бизнисменот  Душко Чифлиганец кој почина во инцидент со мотоцикл во Чешка ќе бидат изложени утре, среда, во црквата ,,Свети Јован Крстител” во населбата Аеродром до мостот ,,Близнаци”.

Семејството информира дека опелото за младиот Чифлиганец ќе го служат свештеници на МПЦ-ОА предводени од поглаварот Г.г. Стефан.

Погребната церемонијата ќе се случи во црквата која е изградена со ктиторство на семејството Чифлиганец.

Семејството Чифлиганец објавува благодарност за сите луѓе кои изразиле сочувство и поддршка при трагедијата.

Што стои во омажот за него?

Замина пред да ги види плодовите од првата македонската компанија на Њујоршката берза

Оставил трага и на Вол Стрит – Адора Инжинеринг објави омаж за својот менаџер Душко Чифлиганец

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top