Македонија

Потпишан Договорот за железничкиот тунел меѓу Македонија и Бугарија

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, од кои околу 1,2 километри ќе бидат на територијата на Македонија

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево.

На церемонијата на потпишување учествува и претставници на Европската комисија, НАТО, САД, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, како и претставници на Светската банка.

Според Министерството за транспорт и врски, изградбата на железничкиот тунел ќе служи како прекугранична точка за поврзување меѓу двете земји долж Коридорот 8.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, од кои околу 1,2 километри ќе бидат на територијата на Македонија.

„Изградбата на 8-миот железнички коридор, покрај неговата економска важност за земјата и регионот, има и стратешко безбедносно значење во рамките на НАТО.

Во овој поглед, железничката оска од Куманово до Белаковце е веќе изградена и пуштена во употреба“, велат од Министерството.

Оската  до Крива Паланка е во фаза на изградба, додека работите за подготовка на третата оска, од Крива Паланка до границата со Бугарија, се одвиваат забрзано.

Овој сегмент ќе го опфати и решавањето на прекуграничниот тунел.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top