Македонија

Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство со Британија

Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји

Денеска, во британскиот Форин офис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

– Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, напиша Муцунски на својот Фејзбук профил.

– Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации, додаде Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top