Македонија

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Вечерва во Крушево оддадена почит на Илинденците и на сите борци кои се вградиле во темелите на македонската државност

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република.

По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја.

Свежо цвеќе беше положено на гробот на Питу Гули, пред споменикот на Партизанските гробишта, на гробот на Тоше Проески, пред Криптата на илинденските востаници и пред бистата на Веле Марков.

Во собраниската делегација учествуваа и координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пратеникот Петар Ристески и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Со учеството во одбележувањето, делегацијата на Собранието им оддаде почит на Илинденците и на сите борци кои се вградиле во темелите на македонската државност.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top