Македонија

Повеќе од 250 мртви и околу 500 повредени во земјотрес од 6 рихтери во Авганистан вчеравечер

Светските медиуми ги пренесуваат стравувањата на локалните власти во Авганистан дека „стотици луѓе се смета дека се исчезнати, или затрупани под урнатините во куќите во погодениот планински дел на Авганистан“…

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа. Загинаа повеќе од 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД, земјотресот бил регистриран во 19:17 часот според Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри.

Официјален претставник на Министерството за информации изјави дека конечните бројки за загинатите и повредените сè уште не се утврдени, бидејќи властите комуницираат со жителите во оддалечените области, а тимовите за помош се упатени кон погодените региони. Авганистанската привремена администрација мобилизираше хеликоптери за спасување и транспорт на повредените, бидејќи патиштата се блокирани поради свлечишта, што ги спречува спасувачките екипи да стигнат до повеќе погодени области.

Месните жители го опишаа земјотресот како еден од најсилните што го погодиле регионот. Геолошкиот завод на САД објави дека по главниот земјотрес, истата област била погодена од уште најмалку дополнителни два земјотреса со јачина од 5,2 рихтерови степени.

„ЕнБиСи њуз“ утринава објави: Авганистан е особено ранлив на земјотреси бидејќи се наоѓа на врвот на неколку раседни линии каде што се среќаваат Индиската и Евроазиската плоча. Планинскиот терен на источен Авганистан е исто така склон кон лизгање на земјиштето, што им отежнува на службите за итни случаи да вршат спасувања.

Овој најнов земјотрес беше особено разорен, бидејќи се случи на мала длабочина. Во 2022 година, околу 1.000 луѓе загинаа, а илјадници други беа повредени кога земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го погоди источен Авганистан. И тој беше плиток земјотрес. Следната 2023 година три земјотреси со магнитуда од 6,3 степени ја погодија западната авганистанска провинција Херат за една недела, при што загинаа околу 1.500 луѓе, според ОН.

Најновиов земјотрес се случи во предизвикувачки период за Авганистан, една од најсиромашните земји во светот, која страда од четири последователни години суша и прилив на повеќе од 2,3 милиони Авганистанци, кои се вратија од Иран и Пакистан оваа година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top