Македонија

Пожари на повеќе локации во скопско и кумановско

Опасна ситуација

Пожари беснеат на повеќе локации во Скопје и Куманово, откако граѓаните почнаа да алармираат на социјалните мрежи. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека причината за пожарите е силниот ветер кој довел до искрење на електричните жици.

– Како последица на ветерот што го зафати регионот, предизвикано е искрење на жиците, што резултираше со пожари на неколку локации – информираат од ЦУК.

Според информациите, во Кумановскиот регион се пријавени пожари во селата Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац, како и на подрачјето на Општина Старо Нагоричане. Во Скопје, огнот избувнал помеѓу Индустриската зона Бунарџик и рафинеријата Окта.

Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на пожарите.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека поради временските услови не може да се користат ер-тракторите и хеликоптерите, а наскоро се очекуваат повеќе детали за пожарите, бидејќи тој се упатува до населеното место Мирковци.

 

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top