Македонија

Познат пејач за малку се спасил од куршуми пред Арачиново

Пејачот на кого е пукано се познавал со напаѓачот

48-годишен скопјанец синоќа по полноќ бил повреден со огнено оружје на влезот во селото Арачиново. Според полицијата, околу 1:50 часот, лице што тој го познавал, а кое било во автомобил заедно со уште едно лице, пукало со огнено оружје кон него.

Повредениот бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Повреденото лице според повеќе медиуми е познатиот пејач Азиз Мурати.

„На 8.9.2026 година, околу 1:50 часот, во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен А.М. (48) од Скопје, со повреди здобиени од огнено оружје. Според пријавеното, тој бил повреден на влезот во селото Арачиново, Скопје, откако од возило лице што тој го познавал, а кое било во друштво на уште едно лице, пукало со огнено оружје кон него“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top