Македонија

Предвидените технологии за рудникот Иловица се безбедни за примена, велат експертите

Компанијата „Еуромакс ресоурцес“ упати и писмо до институциите во кое наведе дека нема да се користи цијанид, ниту било каква цијанидна супстанца во постапката за експлоатација. Отпадна и дел од проектот кој предвидуваше хидројаловиште, туку се планира „суво јаловиште за одложување на јаловината со најсовремени технологии кое нема да ги загрозува подземните води“.

Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците – потврди универзитетскиот професор Благој Голомеов, коментирајќи го проектот за рудник за бакар во Иловица. Оваа инвестиција долг период е во застој и е мета на напади, а наоѓалиштето поседува огромни резерви на бакар – метал кој е на листата на критичните минерали на Европската Унија. Според професорот од Факултетот за природни и технички науки во Штип, во Македонија без реална причина е создадена негативна клима кон рударството. Голомеов уверува дека технологиите што би се применувале се безбедни за примена.

  • Овој процес на флотирање на бакарните минерали, бидејќи е мономинерален… само халкопиритот и бакарните минерали… е прилично бенигнен. Односно, се употребуваат само ксантати, пенливци и регулатори, вар за регулирање на средината… Така што, 90% од нив и повеќе се извлекуваат само со концентратите, кои дури потоа одат на топење и се добива чист бакар. Зборот ми е дека постои технологија која може да биде сосема безбедна за примена – истакна Голомеов.

Професорот се осврна и на економските придобивки на овој проект. Според него, со блокадата на инвестицијата државата губи големи приливи, бидејќи европскиот пазар задоволува едвај 20% од сопствените потреби за бакар и бара нови извори за да ја оствари енергетската и зелена транзиција.

  • Преку издвојувањата за сите оние плаќања, особено платите на вработените, преку ангажирањето на надворешни фирми, економскиот ефект е прилично голем и прилично големо влијание има врз бруто-домашниот производ. Значително влијание има врз бруто-домашниот производ. Се проценува дека десетина проценти ќе има влијание врз бруто-домашниот производ, што воопшто не е за занемарување – додаде Голомеов во изјава за ТВ Сител.

Претходно и инвеститорот во рудникот го ревидираше проектот, поради најновите технологии и забелешките кои беа упатени од страна на дел од активистите. Компанијата „Еуромакс ресоурцес“ упати и писмо до институциите во кое наведе дека нема да се користи цијанид, ниту било каква цијанидна супстанца во постапката за експлоатација. Понатаму, отпадна и дел од проектот кој предвидуваше хидројаловиште, туку се планира „суво јаловиште за одложување на јаловината со најсовремени технологии кое нема да ги загрозува подземните води“..

Покрај Голомеов, неодамна и металургот Горан Начевски во однос на критиките кон новите инвестиции истакна дека дебатата мора да се одвива врз основа на научни факти, а дискусијата во јавноста најчесто ја водат лица кои не се од фелата, што создава простор за недоразбирања и поларизација. Начевски во интервју за А1он, прашан конкретно за инвестицијата во Иловица, одговори дека таа претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции во Македонија во последните децении.

  • Доколку инвеститорот вложи во најсовремени технологии за заштита, проектот може да биде во функција на економијата без да ја загрози животната средина – потенцира Начевски.

Професорот заклучува дека со статус-кво состојбата во рударството Македонија губи повеќе отколку што добива, односно се губат потенцијални инвестиции, нови работни места и можност за позиционирање како регионален снабдувач на критични минерали. Во исто време, како што додава, државата останува надвор од глобалните синџири на снабдување, што ја намалува економската и стратешката тежина на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top