Македонија

Со третиот повик на Фондот за техничка документација ќе се изработуваат проекти од областа на животната средина

Трет повик за поддршка во изработката на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти од областа на животната средина

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на Фондот за техничка документација (ФТД) го отвори Третиот повик за поддршка во изработката на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти од областа на животната средина.

Фондот за техничка документација претставува инструмент за финансиска и техничка поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти на локално, меѓуопштинско и регионално ниво кој е воспоставен преку проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, финансиран од страна на Шведска и Бирото за регионален развој.

Во рамките на овој повик предвидени се околу 500,000 американски долари за изработка на техничка документација за најмалку 10 приоритетни капитални проекти на локално ниво наменети за општините и центрите за развој на планските региони.

Средствата се наменети за проектантски, ревидентски и други консултантски услуги. Со оглед на општинскитепотреби, приоритет во овој повик им се дава на проекти од областа на животната средина како што се управувањето со цврстиот отпад, одведувањето и третманот на отпадните води и проекти за намалување на загадувањето на воздухот и емисијата на стакленички гасови од сообраќајот и јавните објекти.

Рокот за доставување на барањата за финансирање на техничка документација е 09 септември 2025.

Целокупниот повик и формуларите за аплицирање се достапни на следниот линк:

https://www.undp.org/north-macedonia/news/third-call-technical-documentation-funding

До сега преку претходните повици на ФТД изработени се 90 технички документации, со вкупна инвестициска вредност од 100 милиони американски долари.

Проектот се спроведува во партнерство на УНДП со Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, и во соработка со ЗЕЛС, општините и центрите за развој на планските региони во државата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top