Македонија

Прегазил 11 годишно девојче и побегнал

Девојчето е тешко повредено , се трага по возачот

Во населбата Маџари синоќа е прегазено 11-годишно девојче, кое е тешко повредено, а возачот побегнал од местото на настанот.

Девојчето е тешко повредено.

„На 28.10.2025 година во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Перо Наков во Скопје патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

„Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот“, се додава во информацијата од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top