Македонија

Преку партнерство до решенија за економски раст и подобри услови за работа, велат од Владата

Предлог-законот за високото образование и предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката посветуваат значително внимание на поврзувањето на високото образование со реалните потреби на стопанството.

Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните – порача по седницата на Економско-социјалниот совет министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Економско-социјалниот совет ја усвои годишната програма за работа за 2026 година и ги разгледа предлог-законот за високото образование и предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката.

Со годишната програма е утврдена динамиката на работа и се поставени приоритетите за темите што ќе бидат предмет на социјален дијалог меѓу Владата, синдикатите и организациите на работодавачите. Меѓу нив, како што изјави Дурмиши, се политиките за вработување, минималната плата, потрошувачката кошничка, работните односи, безбедноста и здравјето при работа, младинските политики, продуктивноста, како и други прашања, кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и конкурентноста на македонската економија.

Дурмиши посочи дека предлог-законот за високото образование и предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката посветуваат значително внимание на поврзувањето на високото образование со реалните потреби на стопанството.

  • „Денешниот пазар на труд бара современи знаења, практични вештини и поголема усогласеност меѓу образовниот систем и потребите на работодавачите. Токму затоа ваквите реформи претставуваат важен чекор кон создавање поквалитетен човечки капитал, повисока вработливост на младите и посилна конкурентност на нашата економија“, изјави Дурмиши.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top