Македонија

Премиерот Мицкоски, придружуван од заменик-министерката Трајков, разговараше со Крис Павловски од „Рамбл Клауд“ за перспективите на Македонија

Канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски се смета како човек близок до сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп

 

На пријателска вечера со Крис Павловски, кој овие денови е во посета на неговата Преспа. Разговаравме за перспективите и иднината на Македонија, како и за користењето на сите можности, што ќе направат развој и просперитет на нашите граѓани.објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Ним на вечерата, која имаше и белези на деловна вечера, им се придружи и Викторија Трајков, заменичка-министер за европски прашања на Република Македонија.

Компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло Крис Павловски отвори подружница во Македонија. „Рамбл клауд“ е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а нејзини управители се Павловски и Брандон Александроф од Торонто. Павловски се смета како човек близок до сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп. Основна дејност на компанијата „Рамбл клауд“ е компјутерска инфраструктура, обработка на податоци, серверски услуги и сродни дејности и таа е замислена како алтернатива на видео-платформата јутуб.

Премиерот Христијан Мицкоски уште на 19 јануари годинава објави дека во Вашингтон имал исклучително продуктивен и долг состанок со Крис Павловски како сопственик на „Рамбл“ компанијата, каде што дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, министерoт за економија на САД и Џеј Ди Венс, потпретседателот на САД, како највисоки претставници на администрацијата на претседателот Трамп.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top