Македонија

Премиерот на Македонија Мицкоски ќе присуствува денес на претставувањето нова опрема и 29 лесни оклопни возила од САД во касарната на АРМ во Штип

Набавката на лесните оклопни возила е дел од осовременувањето на и опремувањето на Армијата на Република Македонија со различни високософистицирани возила и опрема

„Денес, на 15 август 2025 година со почеток во 10 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД, вклучително и 29 лесни оклопни возила, во касарната на Армијата на Република Македонија ‘Јане Сандански’ во Штип.“ – соопшти прес-службата на Владата на Република Македонија.

Претставувањето на новопристигнатата опрема од САД се одржува со цел да се запознаат претставниците на Владата, но и на јавноста со новите способности и капацитети на новата опрема. Набавката на лесните оклопни возила е дел од осовременувањето на и опремувањето на Армијата на Република Македонија со различни високософистицирани возила и опрема. Проектот за набавка на лесни оклопни возила на тркала е започнат во 2019 година со склучување на соодветни договори меѓу владите на Република Македонија и Соединетите Американски Држави. Досега се веќе набавени околу 60 лесни оклопни возила.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top