Македонија

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Во својата дискусија Пренџов истакна:Едно од главните прашања, една од главните задачи на новиот обвинител ќе биде: дали кланот Заеви, дали Зоран Заев и дали останатите ваши фирмички околу во Струмица ќе бидат низ една транспарентна постапка, ќе бидат истражени и сите оние документи што како опозиција ги објавувавме ќе бидат истражени и соодветно испроцесуирани во судовите, нагласи Пренџов.

Пратеникот Пренџов нагласи дека е тоа важно за правдата, бидејќи, како што посочи, високата корупција особено правена од поранешни премиери и тоа како остава дамка, или е светла точка во македонското правосудство и во извештаите на оние кои не следат и не оценуваат, како што прави Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

Најнови вести

To top