Македонија

Претреси во Липково, Куманово и Желино и седуммина уапсени за злосторничко здружување, финансиски криминал и противправна корист од 7 милиони евра

Организаторите и припадниците на разоткриената криминална група, кои дејствувале подолго време, му нанеле огромна штета на буџетот на Република Македонија

По двегодишна опсежна предистражна постапка на Управата за финансиска полиција, што се водеше во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес под раководство на предметниот јавен обвинител Управата за финансиска полиција спроведе акција, во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општините Липково, Куманово и Желино.

„Се работи за сложена предистрага, која опфаќа повеќе правни и физички лица. Целта е целосно разоткривање криминална група, која дејствувала подолго време и имала за цел вршење на кривичните дела ‘злосторничко здружување’, ‘даночно затајување’, ‘даночна измама’ и ‘перење пари и други приноси од казниво дело’. Намера на организаторите и припадниците на групата била да здобијат противправна имотна корист поголема од 430 милиони денари. Со тоа му е нанесена огромна штета на буџетот на Република Македонија. По налог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во акцијата со асистенција на САЕ ‘Тигар’ од слобода се лишени 7 лица и тие се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд. Едно лице не им е достапно на органите на прогонот.“ – се вели во соопштението.

Управата за финансиска полиција останува посветена на откривање и гонење на финансискиот криминал и заштита на буџетот на државата.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top