Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека албанскиот колега Бегај

Претседателот на Албанија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести

 

Како што известува Кабинетот на претседателката, по пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција.

-Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, информира Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Во рамки на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а по потпишувањето во книгата на впечатоци, тој ќе се обрати пред пратениците.

Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top